Достапни линкови

Унгарија планира изградба на ограда и на границата со Романија


Унгарската Влада донесе одлука да изработи план за изградба на ограда и на границата на Унгарија кон Романија, доколку бегалците ја променат својата маршрута и започнат да пристигнуваат во земјата од романска територија, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. „Решивме да започнеме подготвителни работи за изградба на ограда долж унгарско-романската граница со разумна должина, во случај имигрантскиот притисок да се насочи кон Романија, изјави Сијарто.

XS
SM
MD
LG