Достапни линкови

logo-print

Кина и Пакистан одржаа заедничка воена вежба


Генерал Рахил Шариф.

Генерал Рахил Шариф.

Пакистанската армија соопшти дека трупите на Кина и Пакистан спроведуваат заедничка воена вежба за да ја подобрат нивната способност во борбата против тероризмот. Во денешното соопштение на армијата се вели дека вежбата која трае седум недели е одржана во областа Аток во источната провинција Пенџаб. Пакистанскиот шеф на армијата, генерал Рахил Шариф и високиот кинески армиски офицер, генерал Ли Фаји присуствуваа на последната сесија од вежбата. Шариф вети дека Кина и Пакистан ќе продолжат да соработиуваат за да го елиминираат тероризмот. Во тек е големата офанзива на армијата на Пакистан против пакистанските Талибанци на границата со Авганистан.

XS
SM
MD
LG