Достапни линкови

logo-print

Најмалку 22 мигранти се удавиле кај брегот на Турција


Најмалку 22 имигранти меѓу кои четири деца утрово се удавиле кај југозападните брегови на Турција, откако потонал чамецот со кој сакале да стигнат до грчкиот остров Кос.Турската крајбрежна стража успеала да спаси 211 лица. Илегалните имигранти се наоѓале на чамец што пловел од реонот на Датча. Продолжуваат операциите за пронаоѓање и на други преживеани. На дрвениот чамец долг 20 метри имало околу 250 бегалци. Се смета дека 72 имигранти загинале во последните неколку дена во обиди да преминат од турскиот брег до грчките острови, соопшти Меѓународната организација за миграција.

XS
SM
MD
LG