Достапни линкови

Јанева ќе има посебен буџет,независност и одвоеност од Зврлевски


Според предлог законот за „Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по итна постапка“ специјалниот обвинител самостојно ќе ги избира своите соработници, ќе може да вработи стручни соработници, експерти, советници, истражители и административен персонал да работи во истражниот центар.

„Јавниот обвинител има целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Ниту еден јавен обвинител во Јавното Обвинителство на Република Македонија, вклучувајки го и Јавниот Обвинител на Република Македонија, неможе да влијае врз неговата работа, или да бара извештаи поврзани со предмети од Јавниот Обвинител или јавните обвинители во рамките на Јавното Обвинителство“ се наведува во предлог-законот.

Платата на специјалниот обвинител ќе биде 10 отсто помала од платата на актуелниот јавен обвинител а канцелариите ќе бидат надвор од постојното јавно обвинителство но исто така во Скопје. Во врска со финансирањето, предлог законот предвидува потребните средства за работење да бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија преку буџетскиот корисник - Јавно обвинителство на Република Македонија.

„Финансисиот годишен план за 2016 година ќе се изработи земајќи ги предвид трошоците од 15 септември 2015 година до 31 демекври 2015 година“ се наведува во законот.

Во него пишува и дека јавниот обвинител ќе предложи листа на кандидати до Советот на Јавни Обвинители од редот на постојните јавни обвинители за избор во јавното обвинителство.

Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да основа истражен центар согласно Законот за Кривична постапка.

„Специјалниот Јавен Обвинител може да вработи стручни соработници, експерти, советници, истражиели и административен персонал да работи во истражниот центар“ се наведува во предлог-законот.

XS
SM
MD
LG