Достапни линкови

Путин ги брани руските акции во Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека невозможно е да се порази групата на Исламската држава без соработка со сириската влада. Путин денеска говореше на состанокот на безбедносната алијанса на екс-советските нации во Таџикистан. Путин рече дека Москва има обезбедено воена помош за владата на сирискиот претседатеол Башар ал-Асад и оти ќе продолжи да го прави тоа. Тој ги отфрли наводите дека поддршката на Москва го предизвикала протокот на бегалците. Тој рече дека без поддршката за режимот за Асад, ќе биде поголем бројот на сириските бегалци кои се упатуваат кон Европа. Забелешките доаѓаат во услови на нови извештаи за зголеменото руско воено присуство во Сирија. Армијата на САД вчера соопшти дека последните руски движења во близина на сирискиот град Латакија сугерираат дека Москва планира да воспостави оперативна воздушна база.

XS
SM
MD
LG