Достапни линкови

logo-print

Власта крие како ги троши државните пари


Во извештајот Отворен Буџет 2015 на Меѓународното буџетско партнерство, на Македонија и се става забелешка дека граѓаните и експертите скоро да немаат пристап до документите во кои буџетот би им бил приближен за да го разберат и да бараат отчетност од владата.

Во поглед на буџетската транспарентност Македонија е меѓу последните 35 земји во светот од можните 100, покажува истражувањето Отворен Буџет 2015 на Меѓународното буџетско партнерство. Во извештајот кој го коментира индексот на отвореност, на Македонија и се става забелешка дека граѓаните и експертите скоро да немаат пристап до документите во кои буџетот би им бил приближен за да го разберат и да бараат отчетност од владата и дека имаме резултат од 6 (од 100).

Имаме власт којашто кога би работела отворено, таа би се соочила со поголемо незадоволство на луѓето. И таа знае дека многу од тие постапки што ги прават не треба да ги прават, дека не се во интерес на граѓаните, туку се видови на трошења, видови на перење пари кои се во интерес на таа врхушка на власта.

Поранешниот гувернер на НБРМ Петар Гошев истакнува дека очекувано е што Македонија и натаму е позиционирана меѓу земјите кои обезбедуваат минимални податоци и дека загрижувачко е тоа што, како што вели, имаме неодговорна власт која манипулира со јавното мислење. Тој кажа дека дека структурата на трошење никаде не укажува на приоритети, туку дека е популистичка и во интерес на потребите на врвот на власта.

„Имаме власт којашто кога би работела отворено, таа би се соочила со поголемо незадоволство на луѓето. И таа знае дека многу од тие постапки што ги прават не треба да ги прават, дека не се во интерес на граѓаните, туку се видови на трошења, видови на перење пари кои се во интерес на таа врхушка на власта. Ужасно многу штета е направено на земјата со неодговорно трошење“, вели тој.

Често се поставува прашањето дали пробуваме нешто да сокриеме. Додека не ги имаме документите, особено експертската јавност да ги види и да ги анализа, ние не можеме со сигурност да кажеме што се пробува да се скрие или нема ништо да скрие, единствено може нема волја да се објави, нема време.

Во истражувањето кое го направи Отворен буџет се забележува и дека резултатот за законодавството е 42 од 100. Истовремено постојат позитивни коментари за извештаите за ревизијата. Институцијата која врши државана ревизија е 100-та од 100. На листата, Македонија во регионот е на последно место, а полоша е само Албанија.

Дел од економистите истакнуваат дека овој резултат Македонија може да го подобри доколку обезбеди механизми за партиципација на јавноста во буџетскиот процес. Професор Борче Треневски од Економскиот факултет вели дека механизмите за отчетност се на дофат на рака, но дека унапредувањето на транспарентноста се сведува на политичка волја.

„Мислам дека голем дел од документите веќе ги имаме изготвено. Целта е само да има политичка волја да се подготват солидно и да се објават на јавноста. Не е некој голем проблем да се соберат и да се аплоудираат на веб страната на Министерството за финансии за да може да ги видат сите. Често се поставува прашањето дали пробуваме нешто да сокриеме. Додека не ги имаме документите, особено експертската јавност да ги види и да ги анализа, ние не можеме со сигурност да кажеме што се пробува да се скрие или нема ништо да скрие, единствено може нема волја да се објави, нема време. Поентата е како тие извештаи да дојдат до јавноста и ние после тоа да видиме што има“, вели тој.

Според економистите, за брзо подобрување на транспарентноста во нашата држава треба да се подготви и објави Граѓански буџет и пред-буџетска изјава, да се објави Полугодишен извештај и да се воспостават кредибилни и ефективни механизми како јавни дебати, анкети, фокус групи итн. за партиципација на јавноста во буџетскиот процес.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG