Достапни линкови

Заев: Имаме закон што гарантира целосна автономија


Јас сум повеќе од задоволен, имаме закон што гарантира целосна автономија на специјалниот обвинител, вели во изјава за Радио Слободна Европа претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Специјалниот обвинител има целосно автономно право тој да ги предлага и во број и како кандидати обвинителите, има целосно отворен буџет на располагање, секако со логично правдање без какви било лимити и за кадровски и за технички персонал, но и за анализи, странски експертизи, односно, се што е потребно. Меѓу другото, специјалниот обвинител има мандат од 4 години со право на реизбор “ вели Заев.

Тој е задоволен и од договорот обинителката од Гевгелија Катица Јанева да биде специјален обвинител.

XS
SM
MD
LG