Достапни линкови

Орбан: беглаците ќе бидат враќани во Србија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека бегалците и мигрантите во Унгарија ќе бидат прашувани дали подале барање за азил во Србија. „Доколку го немаат сторено тоа, тие ќе бидат одбивани, бидејќи Србија е во таканаречените безбедни зони“, рече тој додавајќи дека во Унгарија нема да има центри за регистрирање на барателите на азил, ниту пак центри за дистрибуција на бегалците. Во Унгарија од полноќ стапи во сила законот со кој се предвидува контрола на границата и закана од затворска казна од три до пет години за илегално минување на границата. Со новата легислатива се предвидува по должината на границата со Србија да бидат воспоставени транзитни зони.

XS
SM
MD
LG