Достапни линкови

Договорен специјалниот јавен обвинител


Актуелната обвинителка од Гевгелија Катица Јанева ќе биде новиот Специјален обвинител. Ова го јавуваат дел од македонските медиуми, повикувајќи се на извори од партиските работни групи за спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. Според наводите, на состанокот кој траел во текот на изминатата ноќ, партиите постигнале конечен договор и за предлог законот за Јавно обвинителство, со кој се регулираат работата и функцијата на специјалниот обвинител. Неофицијално, на состанокот присуствувале и премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, а за законот денеска би требало да се гласа во Собранието. Според договорот од Пржино, новиот специјален обвинител треба да има целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“.

XS
SM
MD
LG