Достапни линкови

САД со поддршка за членство на Црна Гора во НАТО


Џо Бајден

Џо Бајден

Соединетите држави се подготвени да го поддржат членството на Црна Гора во НАТО, под услов таа земја да ги спроведува реформите и да ја зајакне поддршката на јавноста за влегување во Алијансата. Ова американскиот потпретседател Џо Бајден во телефонски разговор му го рекол на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Во соопштението на Белата куќа се додава дека во зависност од натамошниот напредок во тие области, САД се подготвени да поддржат министрите за надворешни работи на НАТО на состанокот во декември да и упатат на Црна Гора покана за прием во Алијансата.

XS
SM
MD
LG