Достапни линкови

logo-print

САД: Русија гради воздушна база во Сирија


Соединетите држави соопштија дека последните руски активности во Сирија сугерираат дека Москва планира да изгради воздушна база во таа земја. „Русија планира базата јужно од Латакија да биде целосно оперативна“, изјави портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис. Претходно Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека нивни активисти потврдиле оти руските сили градат долга писта во близина на Латакија. Москва, како клучен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад соопшти дека ја интензивирала воената активност во Сирија како дел од меѓународните напори во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG