Достапни линкови

ЕУ: помош на Западен Балкан за бегалците


Министрите за правосудство и внатрешни работи на ЕУ решија дополнително да им се помогне на загрозените земји од Западен Балкан да управуваат со своите граници и да го решаваат прашањето со приливот мигранти. Во заклучоците од министерскиот состанок се прецизира дека помошта е со цел овие земји да им „дадат заштита на оние што тоа го заслужуваат и да им обезбедат враќање на оние што не им е потребна меѓународна заштита„. На состанокот е заклучено дека за таквата цел на земјите од Западен Балкан приоритетно ќе им бидат издвоени средства што им се на располагање во рамките на процесот на проширување. Министрите најавуваат и посебни финансиски механизми со цел овие земји подобро да се справуваат со емигрантските бранови. На министерскиот состанок беше постигната начелна согласност за релокација на 120 илјади бегалци, но конечниот договор треба да биде донесен на 8 октомври во Брисел.

XS
SM
MD
LG