Достапни линкови

Минувањето на унгарската граница, кривично дело


Во Унгарија од полноќ стапи во сила законот со кој се предвидува контрола на границата и закана од затворска казна од три до пет години за илегално минување на границата. Со новата легислатива се предвидува по должината на границата со Србија да бидат воспоставени транзитни зони. Унгарија го затвори и воздушниот простор во длабочина од 20 километри од својата граница кон Србија, соопшти унгарското Министерство за транспорт. Ваквата мерка е воведена со цел да се овозможи безбедно користење на овој дел од унгарскиот воздушен простор при справувањето со бегалската криза.

XS
SM
MD
LG