Достапни линкови

Бесими: битен е исходот од политичките разговори


Фатмир Бесими

Фатмир Бесими

Исходот од политичките разговори и испочитувањето на роковите од договорот од Пржино, пред се именувањето специјален обвинител се важни за Пристапниот дијалог со Европската унија. Ова го изјави вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими пред посетата на еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан кој в петок доаѓа во Скопје во придружба на директорот на Директоратот за проширување за регионот Жан Ерик Паке. Вицепремиерот Бесими во врска со бегалската криза изјави дека нема најава за продолжување на кризната состојба која беше прогласена во земјата на 19 август и оти владата не разгледувала опција за изградба на ограда на границата.

XS
SM
MD
LG