Достапни линкови

САД ја прошири истрагата против ФИФА


Јавниот обвинител на Швајцарија Михаел Лаубер изјави дека имот и станови на швајцарските Алпи се одземени, како дел од истрага за корупција на светското фудбалско управно тело ФИФА. Американскиот државен обвинител Лорета Линч изјави дека САД ја прошириле истрагата против ФИФА со швајцарските власти и дека очекуваат нови апсења врз основа на новите докази. Линч не посочи кој ќе биде уапсен, ниту пак ги коментираше плановите за патување на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер. Блатер кој инсистира дека е чист, рече дека ќе се повлече во февруари поради наводите за системска корупција во рамките на ФИФА. Досега, Министерството за правда на САД обвини 14 лица за наводи за земање на мито на повеќе од 150 милиони долари во 24-годишен период.

XS
SM
MD
LG