Достапни линкови

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија


Европската унија за шест месеци ги продолжи забраните за визи и замрзнувањето на имотите кон неколку блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин и врз други лица инволвирани во руската анексија на Крим и про-руските бунтовници во источна Украина. ЕУ соопшти дека според проценките на ситуацијата нема да го променат режимот на санкциите, според кој на листата се 149 луѓе и 37 ентитети. 28-те земји членки на ЕУ ги координираат санкциите во тесна соработка со Вашингтон.

XS
SM
MD
LG