Достапни линкови

Словачка воведе контрола на границите со Унгарија и Австрија


Словачка повторно ги воведе проверките на границите со Унгарија и Австрија поради бегалската криза. Денеска министрите за внатрешни работи на Европската унија имаа итни разговори за кризата, еден ден откако Германија објави дека повторно ги воведува контролите на границите со Австрија за да го сопре протокот на бегалците. Министрите ќе се обидат да ги намалат разликите околу споделувањето на одговорноста за илјадниците мигранти кои секојдневно пристигаат во Италија, Грција и Унгарија. Разговорите во Брисел се фокусирани на распоредување на 160 илјади бегалци во наредните две години. Пристигнувањето на 500 илјади бегалци досега оваа година, беше изненадиување за ЕУ. Во пресрет на разговорите, Унгарија соопшти дека скоро 6000 мигранти влегле во земјата на 13 септември. Новиот закон во Унгарија стапува на сила на 15 септември, според кој луѓето кои нелегално ќе влезат во земјата можат да бидат казнети со затвор.

XS
SM
MD
LG