Достапни линкови

МВР: Издадени над 75 илјади потврди за намера за азил


На 718 странски државјани во изминатото деноноќие им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Такви потврди од 19 јуни досега се издадени на 75.804 странски државјан, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил. Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

XS
SM
MD
LG