Достапни линкови

ОН: Молдавските власти да одговорат на барањата на демонстрантите


Зеид Раад ал-Хусеин.

Зеид Раад ал-Хусеин.

Висок претставник на Обединетите Нации ги повика властите во Молдавија да одговорат на барањата на демонстрантите, предупредувајќи оти ако не го сторат тоа „би можело да доведе до поголема поларизација на општеството.“

Коментарите на Зеид Раад ал-Хусеин во Советот за човекови права на ОН доаѓаат по новите протести во главниот град Кишињев, на кои демонстрантите бараат истрага за 1 милјарда долари кои исчезнале од молдавските банки. Околу 20 илјади демонстранти вчера бараа оставка на претседателот, на јавниот обвинител и на гувернерот на Националната банка.

Во обид да ја смири ситуацијата, премиерот Валериу Стрелет на 11 септември рече дека приоритетите на Владата се реформирање на судскиот систем и борбата против корупцијата. Антивладиониот протест започна на 6 септември кога илјадници луѓе се собраа на плоштадот, а неколку стотици останаа да кампуваат.

XS
SM
MD
LG