Достапни линкови

Русија ги одржува најголемите воени вежби на годишно ниво


Русија ги одржува најголемите воени вежби на годишно ниво. Според руското Министерство за одбрана, околу 95 илјади војници се подготвени да учествуваат во вежбите во кои ќе бидат вклучени и десетици воени авиони и бродови. Воените маневри наречени „Центар-2015“ е предвидено да траат седум дена во Централниот воен округ во Русија на планините Урал и Сибир. Казахстанските сили исто така ќе учествуваат во вежбата, како дел од пост-советскиот воен сојуз. Во соопштението на Министерството за одбрана се вели дека вежбите се со цел да се оцени подготвеноста на Алијансата да се справи со „меѓународен воен конфликт“ и да порази „нелегални вооружени единици.“

XS
SM
MD
LG