Достапни линкови

Оштетен познатиот мост „Еленски скок“ во Мала река


Мостот „Еленски скок“ во Дебар.

Мостот „Еленски скок“ во Дебар.

Невладините и граѓаните во Дебар велат дека се оштетени познатиот културно-историски мост „Еленски скок“, една цркава и две постари куѓи во градот, се сомневаат дека станува збор за диви копачи на злато.

Деновиве е оштетен познатиот мост „Еленски скок“ во Мала река. Мостот „Еленски скок“ кој е културно - историска атракција и е познат културно - историски споменик е изграден кон крајот на 16 и почетокот на 17 век. Од горниот дел на мостот се извадени камења, а се отворени и големи дупки. Слични оштетувања деновиве се забележани и во една помала црква надвор од градот Дебар и во две постари куќи во Дебар.

Бараме од Министерството за култура, бидејки овој е заштитен споменик на културата и е заштитен со закон да се заштити. Тој е стар повеќе од 500 години и треба ургентно да се заштити. Бараме да се најде виновникот, но и да се санира и заштитата да биде во функција редовно.

„Пред некој ден неколку активисти бевме на лице место и видовме дека мостот на 3-4 места е значително оштетен. Дали тоа се диви копачи на злато или некој тоа го прави намерно или ненамерно не знам и не сакам да навлегувам понатаму, но видов дека мостот има значителни оштетувања. Бараме од Министерството за култура, бидејки овој е заштитен споменик на културата и е заштитен со закон да се заштити. Тој е стар повеќе од 500 години и треба ургентно да се заштити. Бараме да се најде виновникот, но и да се санира и заштитата да биде во функција редовно“, вели Гоце Лубиновски од Центарот за одржлив развој на заедницата во Дебар.

РСЕ: Во кој дел од мостот се оштетувањата?

„Оштетувањата се на почетниот дел од мостот, на горниот негов дел и има огромни кратери и јасно се гледа дека е копано со казма и други алати, каде што се вадени камења од самиот мост. А камења се извадени и во средината на мостот, така што од онаа што јас можат да оценам, пак велам дека тоа се диви копачи на злато, бидејки има некои сознанија дека во овој стар мост се крие богатство“, вели Лубиновски од Центарот за одржлив развој на заедницата во Дебар.

Членови на оваа невладина организација бараат брзи активности на надлежните за да се спречи понатамошното оштетување на мостот, но и да се најдат сторителите.

Филип Василевски од граѓанското здружение Деборус, кое се занимава со заштита на културно - историското богатство во регионот, вели дека има ископи во ѕидовите на една црква која се наоѓа надвор од градот.

„Јас бев во црквата Свети Преображение, која се наоѓа надвор од градот во месноста викано Пијанец, а народот ја знае како Пијанечка црква и во црквата видов и снимав дека има некои ископи. Верувам дека некој нешто барал, а дупката е во пречник 80 на 60 сантиметри во длабина.“

Роднини на две дебарско семејства кои се иселени во САД, тврдат дека забележале ископи во ѕидовите на двете постари куќи. Тие велат дека во домовите не е одземено ништо, поради што го изнесуваат и сомнежот дека станува збор за лица или групи кои со посредство на техника бараат злато.

Наведените информации внесоа загриженост кај дебрани. Особено се бара заштита на значајните објекти кои имаат големо културно - историско значење бидејќи се изградени пред повеќе декади или векови. Дел на граѓани веруваат дека тоа се ископи за барање на злато, додека други велат дека можно е да се и злонамерници за да ги оштетат значајните објекти.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG