Достапни линкови

Талибанците нападнале затвор во Авганистан


Газни

Газни

Талибански милитанти нападнале затвор во градот Газни во централен Авганистан при што ги убиле полицајците и ослободиле стотици затвореници. Нападот бил извршен рано изутрината со експлозии на автомобили бомби од страна на самоубијци по што другите милитанти влегле во затворот. Според локалните власти, биле ослободени 400 затвореници, но полицијата успеала повторно да фати осумдесеттина. Другите, меѓу кои и 150 талибанци, се уште биле во бегство.

XS
SM
MD
LG