Достапни линкови

Утре истекува рокот за избор на специјалниот обвинител


Утре истекува рокот за избор на специјалниот обвинител, согласно Договорот од Пржино за надминување на политичката криза. Работните групи на политичките партии и белгискиот експерт Питер Ванхауте работеа за време на викендот. Засега нема официјални информации дали е постигнат договор. Ванхауте во петокот изјави дека била подготвена предлог верзија за измена на Законот за избор на специјалниот обвинител која тој ја претставил пред работните групи. Според договорот од Пржино, до 15 септември треба да има нов специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“.

XS
SM
MD
LG