Достапни линкови

logo-print

Руски сили градат нова писта на аеродромот во Латакија


„Руските сили градат долга писта на аеродромот во сириската провинција Латакија, најверојатно за може да слетуваат поголеми авиони“. Ова го соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија. Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе продолжи воено да ја снабдува Сирија. Тој во интервју за руската телевизија изјави дека тоа е со цел да му се помогне на Дамаск да му се спротивстави на тероризмот. Лавров рече дека во Сирија се наоѓаат и руски специјалисти кои ги тренираат сириските војници да ја користат руската опрема. Вашингтон предупреди дека руското воено присуство во Сирија би можело да води до конфронтација со коалицијата предводена од Соединетите држави која врши воздушни напади врз милитантите на Исламската држава. Претседателот Барак Обама деновиве оцени дека руската поддршка на претседателот Башар ал Асад била „осудена на пропаст“.

XS
SM
MD
LG