Достапни линкови

Германија воведе привремена контрола на границата


Минхен

Минхен

Германија воведе контрола на нејзината граница со Австрија во обид да го ограничи приливот на бегалци и мигранти кои стигнуваат во таа земја. Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави дека цел на мерката е ограничување на влезот на мигрантите и воспоставување организиран нивен прием. Според министерот за економија Зигмар Габриел, Германија нема веќе услови за прием на бегалците. Само во саботата во Минхен пристигнале над 13 илјади. Министрите за внатрешни работи на Европската унија денеска ќе разговараат за предлогот на Европската комисија за распоредување на 160 илјади баратели на азил низ повеќе земји на Унијата.

XS
SM
MD
LG