Достапни линкови

34 мигранти се удавија во близина на грчкиот остров Фармакониси


Триесет и четири удавени мигранти, тоа е последниот биланс на несреќата која вчера се случи во близина на брегот на грчкиот остров Фармакониси, на околу 15 километри од турскиот брег. Дрвениот брод, со кој патувале имигрантите, се превртел најверојатно поради силниот ветер. Меѓу жртвите има четири бебиња, шест момчиња и пет девојчиња. Ова е најсмртоносниот инцидент во грчките води од почетокот на бегалската криза. Шеесет и осум лица биле спасени од грчката крајбрежна стража, а други 30 успеале да допливаат сами до Фармакониси.

XS
SM
MD
LG