Достапни линкови

Германија преполна со мигранти, бара да се распоредат низ ЕУ


Околу 13000 мигранти пристигнале во Минхен вчера, бројка со која како што соопшти германската полиција се покажувало дека тие го постигнале крајниот лимит во нивните капацитети. Министерот за транспорт Александер Добриндт рече дека сега се потребни ефективни мерки за да се сопре напливот на мигранти. Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Маизиере за Тагесшпигел пак рече дека бегалците што пристигнуваат во Европа треба да бидат распоредени низ Европската унија. Не може да има слободен избор за престојувалиште за бегалците, рече тој. Властите во Минхен исто така одлучија бегалците привремено да ги сместат во стадионот во кој во 1972 година се одржаа олимписките игри.Министерот за економија Сигмар Габриел во интервју објавено денеска рече дека неговата земја сега го има исполнето лимитот а илјадници бегалци продолжуваат да ја минуваат границата секојдневно. Германија очекува околу 800 000 нови пристигнувања годинава. Унгарскиот премиер Виктор Орбан пак рече дека одлуката на германската канцеларка Ангела Меркел за олеснување возаконите за азил го предизвикале “хаосот”. Министрите за внатрешни работи на Европската унија утре ќе одржат итен состанок за состојбата. Германија во која има најмногу баратели на азил од сите 28 земји членки бара да се договорат квоти.


XS
SM
MD
LG