Достапни линкови

Лавров:Русија ќе продолжи со воената соработка со Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва ќе продолжи да испраќа воена опрема во Сирија. Зборувајќи во интервју за руска телевизија Лавров рече дека воено-техничката соработка на Москва со Дамаск има за цел да се поддржи отпорот против тероризмот. Има снабдување со воена опрема, тоа е во тел и ќе продолжи, рече Лавров додавајќи дека неминовно тоа е придружено со руски специјалисти кои им помагаат на сириските војници да научат како да ја користат воената опрема.Вашингтон предупреди дека зголемувањето на руското воено присуство може да води кон конфронтации со коалицијата предводена од САД која извршува воздушни напади против екстремистичката група Исламска држава.
Американскиот претседател Барак Обама на 11 месецов рече дека руската поддршка за сирискиот претседател Башар Ал-Асад е осудена на пропаст.

XS
SM
MD
LG