Достапни линкови

logo-print

Силните ветрови-причина за уривањето на градежниот кран во Мека


Властите во Саудиска Арабија соопштија дека силните ветрови биле причината за уривањето на градежниот кран во Големата џамија во Мека на 11 септември при што загинаа 107 луѓе. Несреќата се случи пред почетокот на годишниот ритуал хаџ. Првиот човек на директоратот за цивилна одбрана вчера рече дека невообичаено силните ветрови исто така урнале и дрва. Тој ги негираше извештаите дека градежниот кран бил урнат од молња или дека има загинати во стампедо. Делови од Големата џамија и денеска се блокирани поради урнатиот кран од кој исто така се повредени околу 200 луѓе. Засега нема информации за националноста на загинатите и повредените. Саудиските власти соопштија дека хаџот кој треба да почне на 21 месецов ќе се одржи и покрај трагедијата. Повеќе од 900 илјади верници веќе пристигнаа во Саудиска Арабија за да присуствуваат на ритуалот.

XS
SM
MD
LG