Достапни линкови

Молдавија:Масовни протести за оставка на владата


Најмалку 20 илјади луѓе денеска протестираат во молдавскиот главен град Кишњев со барање за оставка на претседателот Николае Тимофти и на владата по банкарскиот скандал за исчезнување на една милијарда долари од државниот трезор. Насобраните луѓе исто така бараат предвремени парламентарни избори да се одржат во март. Организаторите на протест, граѓанското движење Достоинство и вистина исто така изнесе десетици илјади луѓе на улиците на 6 септември.
Тоа беше најголем протест во пост-советската историја на земјата.
Стотици демонтрансти веќе една недела останаа во шаторите на центарлниот плоштад и велат дека ќе останат се додека не бидат исполнети нивните барања. Организаторите сега побараа од луѓето исто така да постават шатори околу владината зграда.

XS
SM
MD
LG