Достапни линкови

logo-print

Судири во џамијата Ал-Акса во Ерусалим


Судири избувнаа во комплексот на џамијата Ал-Акса во Ерусалим денеска. Полицијата соопшти дека бунтовниците се затвориле внатре во џамијата во текот на ноќта за да ги попречат посетите на Евреите кои денеска ја празнуваат Еврејската нова година. Палестинец кој бил очевидец на настанот тврди дека полицијата влегла во комплексот. Судирите продолжиле надвор од џамијата, а полицијата испукала и шок бомби за да ги растера насобраните. Тензиите се зголемија откако израелскиот министер за одбрана Моше Јалон забрани две муслимански групи кои се конфронтираа со еврејските посетители. На Евреите не им е дозволено да се молат или да истакнуваат национални симболи во објектот за да се избегнат тензиите со муслиманските верници. За муслиманите местото е трето најсвето во светот по Мека и Медина во Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG