Достапни линкови

Јемескиот претседател не учествува на мировните разговори со Хутите


Јеменскиот претседател Абд-Рабу Мансур Хади денеска соопшти дека одбил да учествува на мировните разговори со шиитиските бунтовници познати како Хути откако минатата недела се согласија на разговори. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека разговорите со Хутите нема да се одржат доколку тие не ја прифатат резолуцијата на Обединетите нации во која се бара да ги напуштат териториите што ги контролираат и да го предадат целото оружје кое го грабнаа од државните институции. Хутите во моментов го контролираат главниот град Сана и неколку други делови од Јемен.
Провладините сили кои се во сојузништво со Саудиска Арабија се борат против бунтовниците од март кога Хади го напушти Јемен. Неговата влада во моментов се наоѓа во Саудиска Арабија.
Од кога започна конфликтот загинаа повеќе од 4000 луѓе.


XS
SM
MD
LG