Достапни линкови

Минхен преполн со бегалци


Портпаролот на германската полиција денеска предупреди дека капацитетите во Минхен, главната точка за влегување на мигрантите во Германија се преполни.
Полицијата соопшти дека вкупно 12,200 мигранти стигнале во Минхен вчера. Околу 700 луѓе пак стигнале утринава на главната станица,рече портпаролот.
Три посебни воза ги пренесуваат бегалците до други делови од земјата.
Во меѓувреме приливот на мигранти во Унгарија достигна нов рекорд вчера кога повеќе од 4000 луѓе влегоа во земјата од Србија.

XS
SM
MD
LG