Достапни линкови

logo-print

Нема договор за специјалниот обвинител, работната група продолжува со состаноци


Специјалниот јавен обвинител треба да биде избран до вторник како и што беше договорено на партиските разговори водени под меѓународно посредство изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети во интервју за весникот Коха, пренесува телевизијата Алсат М. За прашањето за бројката на заменици-обвинители во тимот лидерот на ДУИ тој предлага вкупно осум од кои тројца би билеАлбанци.
Во меѓувреме и преговорите на работната група која треба да го договори спроведувањето на договорот од Пржино продолжуваат, но засега без резултат. По вчерашната средба, која како што се јавува, траела до доцна по полноќ и немало договор околу прашањето за специјалниот јавен обвинител за денеска е договорена нова средба. Белгискиот експерт Питер Ван Хауте кој го олеснува барањето на решенија во петокот рече дека дека преговорите се соочуваат со сериозни проблеми, односно дека не се почитува дадениот збор. Според договореното специјалниот јавен обвинител треба да биде избран најдоцна до 15 септември, односно до вторник.

XS
SM
MD
LG