Достапни линкови

За 24 часа 4.000 бегалци ја минаа српско-унгарската граница


Во текот на изминатите 24 часа во Унгарија од српската страна на границата влегле повеќе од 4.000 бегалци, што е нов рекорд, објави денеска британски Би-Би-Си. Овие 4.000 бегалци по влезот во Унгарија се насочени кон една ледина, каде се наоѓаат големи шатори, вклучувајќи ги и шаторите кои и припаѓаат на агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), јави дописникот на Би-Би-Си од Сегедин, Ник Торп. Тој наведе и дека во бегалскиот камп во местото Реске конечно е завршено поставувањето на инфраструктурата за прифат и сместување на бегалците. Изградбата на четири метри високата ограда меѓу Унгарија и Србија, која ја градат унгарски војници, наскоро ќе биде завршена, а на 15 септемви во Унгарија во сила ќе влезе законот според кој илегалните преминувања на границата ќе биде третирано како кривично дело. Според Би-Би-Си, никој не знае што ќе се случи во вторник, кога почнува примената на новите построги унгарски закони за миграција. Од почетокот на годината во Унгарија влегле 175.000 бегалци.

XS
SM
MD
LG