Достапни линкови

Значаен напредок во разговорите за Украина


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер рече дека “значаен напредок” е направен во врска со резолуцијата за конфликтот во источна Украина. Зборувајќи по состанокот со францускиот, рускиот и украинскиот колега во Берлин вчера Штајнмајер рече дека министрите постигнале напредок за некои критични точки. Тој изрази надеж за постигнување договор скоро за повлекување на оружјето од линијата меѓу украинската влада и сеператистите поддржани од Русија. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека остануваат разлики за одржувањето локални избори во бунтовничките области, но дека генералниот впечаток е оти разликите може да бидат надминати. Договорот за прекин на огнот постигнат во Минск во февруари беше често прекршуван, но постои возобновена доверба од први месецов. Од како започнаа борбите во април 2014 година загинаа повеќе од 7900 луѓе.

XS
SM
MD
LG