Достапни линкови

Таџикистан: Властите не откриваат дали Назарзода е убиен


Таџикистанските власти одбиваат да ги потврдат извештаите на локалните медиуми според кои побегнатиот поранешен заменик министер за одбрана осомничен за последните „терористички“ напади бил убиен од безбедносните сили. Цитирајќи неименувани извори новинските агенции Азиа-Плус и Авеста јавија дека Абдухалим Назарзода бил убиен источно од Душанбе каде што се веруваше дека се крие заедно со неколкумина свои поддржувачи. Министрите за внатрешни работи и за одбрана одбија да ги подтврдат ваквите извештаи. Како и да е владини претставници кои не сакаа да бидат именувани за таџикистанскиот сервис на Радио Слободна Европа наведоа дека власта се обидува да идентификува неколку тела најдени во регионот. Полицијата соопшти дека терористичка група предводена од Назарзода спровела терористички напади врз седиштето на полицијата во областа Вахдат во близина на Душанбе на 4 септември , а подоцна се судрила со владините сили во главниот град убивајќи девет полицајци пред да избега. Полицијата презема голема акција против групата и соопшти дека 20 нејзини члена се убиени, а околу сто се приведени.

XS
SM
MD
LG