Достапни линкови

Путин:Договорот од Минск е единствена алтернатива


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нема друг начин за регулирање на кризата во источна Украина освен постоечките договори од Минск. Путин ова го изјави за време на посетата на археолошкиот комлекс Херсонес во украинскиот регион Крим заедно со поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони. Путин рече и дека е можно да се согласат на продолжување на роковите за спроведување на договореното од Минск и по крајот на годинава но дека е подобро да се најдат начини да се исолнат постоечките рокови. Во февруари Украина и самопрогласените сепаратистички енклави на истокот се согласија на прекин на огнот вклучувајќи и некаква форма на автономија за сепаратистичките области и целосна контрола на Киев на украинските граници. Путин рече дека Русија не може да одлучи за судбината на регионот Донбас во источна Украина и дека најважната работа сега е да се воспостави директен контакт меѓу Киев и сепаратистичките лидери.

XS
SM
MD
LG