Достапни линкови

logo-print

Најмалку 107 луѓе загинаа во Мека


mecca crane falls

mecca crane falls

Саудиските власти соопштија дека најмалку 107 луѓе загинале, а стотици се повредени кога градежен кран се урнал во Големата џамија во светиот муслимански град Мека вчера. Инцидентот се случил кога верници од целиот свет се собрале во Мека за годишниот ритуал Хаџ кој треба да почне подоцна месецов. Од фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како полицијата и други луѓе помагаат да се извадат телата од џамијата. Џамијата е обиколена од бројни кранови бидејќи во тек е големиот проект за наградба. Гувернерот на регионот Мека принцот Калед ал-Фаисал нареди истрага за инцидентот.

XS
SM
MD
LG