Достапни линкови

Одобрено руското државјанство за Рој Џонс


Рускиот претседател Владимир Путин објави документ со кој се одобрува барањето за државјанство на познатиот американски боксер Рој Џонс. Одобрувањето е објавено денеска на интернет страницата на претседателот. На 19 минатиот месец Џонс се сретна со Путин во Севастопол во укранскиот регион Крим кој беше насилно анексиран од Русија во март лани. На тој состанок Џонс рекол дека сака да стане руски државјанин. Џонс почна со својата боксерска кариера во 1989 година и освои светски титули во четири категории. Во својата кариера има 32 победи и осум загуби.

XS
SM
MD
LG