Достапни линкови

Работната група продолжува со преговори


Работната група која со белгискиот експерт Питер Ван Хауте работи на спроведување на договорот од Пржино, како што јавуваат дел медиуми, денеска повторно ќе се сретне. Вчера Ван Хауте рече дека преговорите се соочуваат со сериозни проблеми, односно дека не се почитува дадениот збор.

“Доколку договорите крајни рокови тие треба и да се испочитуваат” рече Ванхауте и додаде дека во моментов една од најголемите партии не го почитува рокот и исто така не го почитува и договорот. Според него ова не е начинот да се преговара и не може да се постигне договор ако не се почитува договореното. Најголемите несогласувања меѓу партиите се околу специјалниот јавен обвинител, неговиот тим и начинот на кој ќе работи. Крајниот рок според договорот од Пржино за избор на специјалниот јавен обвинител истекува на 15 септември. Ван Хауте вчера нагласи дека во Европа постои систем на вредности, а доколку Македонија сака да биде дел од неа, тогаш ќе мора тие вредности да ги почитува.

“Тоа значи дека секој функционер е должен и е одговорен пред народот. Тие треба да покажат одговорност пред граѓаните, и на одговорен начин да им објаснат што работат, а тие да имаат можност тоа да го прифатат или одбијат. Ако има сомнеж за можна злоупотреба тогаш тоа треба да подлежи на кривично гонење” нагласи Ван Хауте.


XS
SM
MD
LG