Достапни линкови

logo-print

Азербејџан ја откажа посетата на делегацијата на ЕУ


Азербејџан ја откажа посетата на делегацијата на Европската комисија и се закани со преиспитување на нивните релации со ЕУ откако Европскиот парламент донесе резолуција со која бара од Баку да ги ослободат истражувачкиот новинар и неколку други активисти за човекови права. Министерот за надворешни работи на земјата преку соопштение нагласи дека одлуката за откажување на посетата на Европската комисија е поврзана со „пристрасната“ резолуција за Азербејџан. Тој исто така наведува дека генерално тие требало да ги преиспитаат нивните врски со ЕУ каде што анти азербејџанските и анти исламски тенденции биле силни. Необрзувачката резолуција помина на 10 септември и во неа силно се осудува „непримерната репресија врз граѓанскиот сектор во Азербејџан“. Во неа се бара итно ослободување на новинарката Кадија Исмаилова и неколку други активисти за човекови права.Исмаилова која беше соработник на Радио Слободна Европа беше осудена на први септември на седум и пол години затвор поради како што се верува нејзините извештаи за корупција во која се инволвирани високи владини претставници.

XS
SM
MD
LG