Достапни линкови

МВР: Досега издадени 72.674 потврди за азил


Министерството за внатрешни работи за изминатите 24 часа издало 2.931 потврди, од нив 1.762 се од машки пол, 439 се од женски, 551 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 179 деца кои патуваат без родител, за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти МВР, најбројни се државјаните на Сирија 2.328, Авганистан 371, Ирак 152, Палестина 13, Пакистан 14, додека другите се во помал број. Во периодот од 19 јуни до 12 септември 2015 година во 8 часот, издадени се потврди на вкупно 72.674 странски државјани, од кои, 48.675 се од машки пол, 10.049 се од женски, 11.911 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.039 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 58.945, потоа Авганистан 4.537, Ирак 3.412, Пакистан 2.006 Палестина 837, Сомалија 592, Бангладеж 485, Конго 328, Нигерија 210, Камерун 163 Еритреја 146, Етиопија 118, Судан 103, додека останатите се во помал број. Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил поднесени се 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак и едно барање од државјанин на Египет.

XS
SM
MD
LG