Достапни линкови

Штајнмајер ја предупреди Русија за зголемувањето на војската во Сирија


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер ја предупреди Русија во врска со зголемувањето на нејзината поддршка за владата на сирискиот претседател Башар Ал Асад. Во интервју објавено во германски весници денеска Штајнмајер вели дека не мора да биде создадена ситуација која ќе ја направи заедничката акција на меѓународната заедница невозможна. Тој изрази надеж дека Москва не бара пролонгирање на сириската граѓанска војна. На 11 септември рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара повторно отворање на каналите за комуникација со САД за да се избегнат несакани инциденти. Истиот ден американскиот претседател Барак Обама изјави дека политиката на Русија во Сирија е осудена на пропаст.

XS
SM
MD
LG