Достапни линкови

Египетската влада поднесе оставка


Египетскиот претседател ја прифати оставката на премиерот Ибрахим Мехлеб и неговиот кабинет. Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси ја прифати оставка денеска, истиот ден кога беше и поднесена, соопштија од претседателскиот кабинет. Сиси нареди кабинетот да продолжи да работи се додека не биде избрана новата влада. Мехлеб со лутина ја напушти прес конференцијата во Тунис на деветти месецов откако беше прашан за оставката и приведувањето на минстерот за земјоделство што се случи неколку дена претходно.

XS
SM
MD
LG