Достапни линкови

Десетици загинати во експлозија во Индија


Десетици луѓе загинаа кога канистер за природен гас експлодирал во полн ресторан во Индија. Експлозијата се случила денеска во градот Петлавад кој се наоѓа околу 800 километри јужно од Њу Делхи. Ројтерс го цитира полицискиот портпарол кој изјавил дека најмалку 44 луѓе загинале, а 60 се повредени откако првичната експлозија предизвикала втора поголема
Од експлозијата паднал и покривот на зградата а оштетени се и околните објекти. Ресторанот се наоѓал во близина на градската автобуска станица на која имало многу луѓе меѓу кои и деца кои појадувале. Полицијата соопшти и дека спасувачите имаат проблеми да стигнат до местото на несреќата бидејќи е насобрана голема група луѓе кои ги бараат своите роднини.

XS
SM
MD
LG