Достапни линкови

logo-print

Лавров:Потребна е зголемена комуникација за да се избегнат судири во Сирија


Русија ги повика Соединетите Американски Држави да ги обноват каналите за комуникација меѓу двете воени супер сили за да се избегнат „ненамерните инциденти“ откако Русија ја зголеми воената помош за сириската влада. На прес конференција вчера во Москва министерот за надворешни работи Сергеј Лавров настојуваше да се престанело со раширените шпекулации за тоа што прави Русија со префрлувањето на повеќе војници и воена опрема во Сирија, додавајќи дека ги зголемиле силите за да му помогнат на сирискиот претседател Башар ал Асад во борбата против Исламска држава. Руските војници се во Сирија првенствено за да помогнат во сервисирањето на руското оружје и да ги обучат сириските војници како да ракуваат со него, рече Лавров додавајќи дека воените вежби во Медитеранот биле долго планирани и во согласност со меѓународните закони. Но тој нагласи и дека зголеменото руско присуство во Сирија се случува додека САД и другите сојузници бомбардираат цели на Исламска држава во други делови од земјата што ги зголемува шансите за инцидентни судири меѓу супер силите. Американските претставници исто така изразија загриженост дека Русија може да ги нападне групите поддржани од западот и со тоа да го зголемат ризикот од конфронтации. Според Лавров токму затоа двете земји треба да ја обноват комуникацијата меѓу воените команди која беше прекината поради украинската криза минатата година.

XS
SM
MD
LG