Достапни линкови

logo-print

Републиканците ќе го дадат договорот со Иран на суд


Републиканските лидери во американскиот конгрес кои речиси ги исцрпеа законските можности за стопирање на иранскиот нуклеарен договор најавија дека сега случајот ќе го однесат пред суд. Судскиот процес е опција која е можна, рече претседателот на претставничкиот дом Џон Бонер откако демократите успешно го блокираа гласањето за договорот во сенатот. Републиканците велат дека Белата куќа го крши законот со тоа што не ги испраќа сите детали од „тајниот договор“ на разгледување во конгресот поради што и се уште не е поминат законскиот рок од 60 дена за разгледување. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст го нарече републиканскиот план очајнички сугерирајќи дека ќе ја изгубат битката и на суд. Ние остануваме сосема уверени во нашата способност да се придвижиме напред со остатокот од меѓународната заедница во спроведувањето на договорот, рече Ернст. Ова не е првпат републиканците да се обидуваат да ја стопираат Белата куќа преку судски процес. Досега тие отворија случаи за потпишување на законот за здравствена заштита и за климатските промени.


XS
SM
MD
LG