Достапни линкови

САД ја одбележува 14-годишнината од нападите на 11 септември


Десетици илјади луѓе се очекува да се соберат во вечерните часови во Њујорк, да ја одбележат 14-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година. На местото каде порано се наоѓаше Светскиот трговски центар, сега има меморијален плоштад и музеј. Како што јавуваат АП и ДПА, годишнината ќе биде одбележана со читање на имињата на скоро 3000 луѓе, кои загинаа кога терористите на Ал-Каеда киднапираа четири патнички авиони. Два од авионите удрија во Светскиот трговски центар, еден во Пентагон во Вашингтон и еден во поле во Пенсилванија. Претседателот Барак Обама настанот ќе го одбележи посетувајќи ја воената база во Мериленд, а секретарот за одбрана Еш Картер во Пентагон со уште неколку официјални претставници. Други настани се закажани во целата земја.

XS
SM
MD
LG