Достапни линкови

logo-print

УНХЦР: Рекорден број бегалци го минале Медитеранот


Меѓународната организација за миграција соопшти дека рекордни 432.761 бегалци и мигранти го минале Медитеранот оваа година, што е двојно повеќе во однос на 2014 година. Според податоците на Агенцијата, се проценува дека 309.139 луѓе оваа недела преку море пристигнале во Грција и оти други 121.139 пристигнуваат во Италија, 2166 во Шпанија и 100 во Малта. Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР апелираше до донаторите дека се потрбни 30.5 милиони долари за помош во текот на 2016 година. Министрите за надворешнио работи на ЕУ идната недела ќе се состанат да разговараат во врска со прашањето.

XS
SM
MD
LG